Македонија
15. February 2017 - 9:27

Девет сообраќајки изминатите 24 часа во Скопје

Десет лица се полесно повредени во пет од вкупно девет сообраќајни незгоди што се случиле во текот на вчерашниот ден во Скопје. Во четири сообраќајки е причинета материјална штета.

Сообраќајната полиција вчера санкционирала 27 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца возачи се исклучени од сообраќај поради управување на возилото под дејство на алкохол, тројца возачи поминале на црвено светло на семафор, како и 12 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Затекнати се и 64 непрописно паркирани возила.

Со специјалното возило „пајак“ отстранети се 74 возила.

Во рамките на сообраќајно воспитната акција „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници со учениците од четврто одделение во ООУ „Владо Тасевски“ кое се наоѓа во општина Карпош.