Балкан
24. February 2016 - 11:34

Девет лица загинаа при напад против припадници на ПКК

Турски воени хеликоптери нападнаа денеска група припадници на Курдската работничка партија (ПКК) во југоисточниот дел на Турција, при што загинале девет лица.

Нападот го извршиле хеликоптери од типот „кобра“ рано изутринава додека групата курдски бунтовници се движела низ планински предели кон областа Идли во провинцијата Ширнак, во близина на границата со Сирија.

Во некои делови на Идли минатата недела беше воведен 24-часовен полициски час во рамки на безбедносните операции против екстремисти.