Детската болница Козле доби донација спирометар
Детската болница Козле доби нов апарат спирометар, кој е донација од Цементарница УСЈЕ АД Скопје.
Директорот на Детската болница Козле, Оливер Зафировски денеска се заблагодари за донацијата, која, како што рече, е од големо значење за децата. Посочи дека новиот апарат ќе претставува уште една придобивка во зголемување на квалитетот на инвазивната метода со кој ќе се мери функцијата на детските бели дробови.
- Тоа значи подобра и точна дијагноза, соодветен третман и подобрување на квалитетот на животот на сите деца во Република Македонија, истакна Зафировски.
Одговарајќи на новинарско прашање рече дека во последните денови сите деца кои имаат алергиско заболување се дел од нивната програмата и тие перманентно ги следат.
- Алергиите се зголемуваат и на светско ниво. Нема човек кој немал некоја алергиска манифестација. Токму затоа овој апарат е од извонредно значење бидејќи можеме да ја следиме функцијата на белите дробови и ќе помогне во нашата точна дијагноза. Компликациите кај алергиите ако не се постави навремена дијагноза се создавање услови да се појави ХОББ - Хронична опструктивна белодробна болест, астма.., додаде Зафировски.
Магдалена Славејкова, претставник од Цементарница УСЈЕ АД Скопје, изјави дека се горди затоа што идејата за донацијата произлегла од вработените во таа компанија кои на тој начин со својот волунтаризам и со својата грижа за заедницата придонеле за набавка на апаратот.
- Набавката на овој апарат е најдобар начин за заокружување на првата етапа од нашата акција „На работа без автомобил“. Од тие собрани средства беше набавен апаратот и на тој начин се постигна да се покаже колку вработените се грижат за сопственото здравјето, за здравјето на заедницата и за животната средина, додаде Славејкова.
Ново на Сител
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та