Дете болно од рак со инспиративна порака до Меси: Јас не се предавам, немој ни ти!
Лионел Меси е на одмор со семејството и не се одѕива по одлуката да не игра повеќе за репрезентацијата на Аргентина по поразот во диналето на Копа Америка.
Неговите сонародници ширум светот го молат да се предомисли и да биде дел од националниот тим што ќе се натпреварува на Светското првенство во Русија во 2018 година.
Една од најпотресните пораки во која се моли Меси да остане, стигна од седумгодишниот Лучи, дете кое боледува од тумор на мозок.
Детето ги прашало родителите дали може да се фотографира во аргентински дрес со испишана порака: „Драг Меси, јас не се предавам иако сум малечок. Не предавај се и ти кога се голем. Те сака Лучи“.
Фотографијата брзо почна да се споделува на социјалните мрежи.
-Лучи е борец. Повеќе од две години се бориме со многу агресивен тумор. Веќе беше на две операции, рече неговата мајка.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители