Македонија
19. October 2016 - 13:34

Детали: Зошто малолетниот битолчанец излажа дека се самоповредил кога бил избоден

Во врска со настан „Самоповредување“ во студетскиот дом во Битола вчера во 13,10 часот во Клиничката болница-Битола 17 годишен битолчанец во присуство на неговиот татко З.Ј. пријавил дека на 16. овој месец околу 21,00 часот, додека се движел по ул.„Сотир Брбевски“ бил пресретнат од страна на непознато лице кое му побарало пари.
 
Откако му рекол дека нема истиот му се заканувал дека ќе му ја запали куќата и го навредувал со погрдни зборови по што оштетениот вербално му возвратил.
Непознатото лице почнал да го влече и да го удира со раце во пределот телото.
 
Оштетениот се повлекол и заминал во студентскиот дом во собата на неговите другари, каде осетил болка во левото рамо, при што кога се соблекол забележал крв.
 
Се обиделе да го сопрат крварењето, а потоа со такси возило го однеле во КБ-Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
 
Истиот завчера пријавил „Самоповредување“ бидејќи бил исплашен од настанот. СВР- Битола презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.