Македонија
16. January 2018 - 23:38

Детали за вечерашниот земјотрес во Охрид

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Охрид и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва на 16.1.2018 година во 21 часот и 22 минути регистрираше земјотрес кој потекнува од охридското епицентрално подрачје.

Епицентарот на земјотресот беше на само неколку километри од Охрид во околината на селото Лескоец. Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 2.1 а беше почувствуван од населението во Охрид и неговата непосредна околина со интензитет III степени според Европската макросеизмичка скала.