Детали за ужасот во центарот на Белград: Тело на маж пронајдено искасапено и искасано, кучето мртво во када
Војин Томиќ (63) чие искасано и распаднато тело во неделата е пронајдено во станот во Белград, во зграда на булеварот „Крал Александар“ е убиен со нож.
Обдукцијата утврди дека Томиќ е убиен од засега непознато лице кое го оставило заклучен во станот со кучето кое е пронајдено мртво во бањата.
Кучето мртво во када
При увидот, полицијата ја уапси Андријана С, пријателка на Томиќ, но таа подоцна е пуштена.
Соседите на Војин почувствувале неподнослива смрдеа од неговиот стан.
-Пријавивме во полиција во саботата, но и тие не сакаа да го обијат станот. Во неделата повторно повикавме и околу 13.30 часот пожарникарите заедно со полицијата го обија станот и затекнаа ужасна глетка. Несреќниот човек лежеше во локва крв, а телото му беше унаказено. Неговото куче кое најверојатно го искасало е пронајдено мртво во када, раскажува соседот.
Според зборовите на соседот, Томиќ имал чуден карактер, живеел со мајката, која починала пред неколку месеци, по што почнал да се дружи со Андријана С.
Соминително друштво
-Поради Томиќ и претходно доаѓаше полицијата. Се сомневавме дека растура дрога, но и дека ја користи. Му доаѓаше некоја жена која беше чудна и нападна. Неодамна во ходникот нападна соседка и ја исече со нож, а потоа нападна и друга. Двата случаи ги пријавивме во полиција, но за жал продолживме да ја гледаме таа жена во зградата, раскажува друг сосед.
За убиениот Томиќ немале добро мислење.
-Често се собираа сомнителни типови и повеќе пати доаѓаше полицијата. Никој од нас не знае со што се занимаваше. Мајка му имаше психички проблеми, вели соседот.
Ново на Сител
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето