Балкан
3. August 2016 - 9:28

Детали за трагедијата: Сестричката го видела телото на мртвото братче...

Осумгодишното девојче, сестриче на детето кое падна во машина за леб и почина на лице место, го видело својот брат во моментот на кобната трагедија.  8-годишната сестра за жал го видела телото на своето братче во машината.

- Дојдоа тука, планираа да отворат пекара за подобар живот на децата, а се случи ваква трагедија. Наместо свечено да бие пуштена во употреба, тие спремаат погреб. Ова е ужасно, вели сосед кој го познава семејството низ солзи.

Детето паднало со главата во машината, а падот бил кобен. Брзата помош можела само да констатира смрт.

- Детето им помагаше, сакаше да си игра со тесто, сите беа среќни и едвај чекаа да ја отворат пекарата, а тогаш при подготовките се слушна врисок, вели соседот за српскиот Курир.

Ова е огромна трагедија. Нека почива во мир.