Детали за тешката сообраќајка на патот Прилеп- Кичево
Македонската полиција денеска детално информира за страшната сообраќајна несреќа која се случи вчера на Патот Прилеп - Кичево во која има неколку лица повредени,
- На 24.02.2018 година во 15,30 часот на регионалниот пат Прилеп-Кичево, кај местото викано “Барбарас“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Фолксваген Пасат“ со прилепски регистарски таблички, управувано од А.С. (45) од Прилеп и товарно возило со прилепски регистарски таблички управувано од Б.Р. (49) од с.Големо Коњари, прилепско. Во незгодата со тешки телесни повреди (скршеница на карлица и повреди на главата) се здобила сопатничката во патничкото возило „Пасат“, А.Е. (42) од Прилеп и по укажана лекарска помош во Медицински центар-Прилеп поради сериозноста на повредите е пренесена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје, додека пак возачот на “пасатот“ А.С. во незгодата се здобил со скршеница на десна надколеница и е задржан на лекување во Медицинскиот центар Прилеп.Исто така, со телесни повреди се здобиле и возачот на товарното возило Б.Р. како и неговите сопатниците, Б.Г. (35) и К.З. (46) двајцата од с. Г.Коњари-Прилеп, стои во соопштението на МВР.
Увид на лице место извршила увидна екипа од ПС-М.Брод, а по наредба на ЈО возилата се однесени на технички преглед.
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата
-
Столтенберг во дводневна посета на Германија
-
Сообраќајот тековно, по наместа влажни коловози