Македонија
25. February 2018 - 11:37

Детали за тешката сообраќајка на патот Прилеп- Кичево

Македонската полиција денеска детално информира за страшната сообраќајна несреќа која се случи вчера на Патот Прилеп - Кичево  во која има неколку лица повредени,

- На 24.02.2018 година во 15,30 часот на регионалниот пат Прилеп-Кичево, кај местото викано “Барбарас“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Фолксваген Пасат“ со прилепски регистарски таблички, управувано од А.С. (45) од Прилеп и товарно возило со прилепски регистарски таблички  управувано од Б.Р. (49) од с.Големо  Коњари, прилепско. Во незгодата со тешки телесни повреди (скршеница на карлица и повреди на главата) се  здобила сопатничката во патничкото возило „Пасат“, А.Е. (42) од Прилеп и по укажана лекарска помош во Медицински центар-Прилеп поради сериозноста на повредите  е пренесена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во  Скопје, додека пак возачот на “пасатот“ А.С. во незгодата се здобил со скршеница на десна надколеница и е задржан на лекување во Медицинскиот центар Прилеп.Исто така, со телесни повреди се здобиле и возачот на товарното возило Б.Р. како и неговите сопатниците, Б.Г. (35) и К.З. (46) двајцата од с. Г.Коњари-Прилеп, стои во соопштението на МВР. 

Увид на лице место извршила увидна екипа од ПС-М.Брод, а по наредба на ЈО возилата се однесени на технички преглед.