Македонија
16. July 2017 - 14:40

Детали за несреќата во Албанија кога млад тетовчанец се обиде да спаси две девојки, морето ги зеде тројцата

Во летувалиштето Валона на југот од Албанија вчера се удавија три лица, меѓу кои според непотвредните  информации и 24-годишниот Бенјамин Ферати кои живеел и работел во Босна, а бил по потекло од Македонија.
 

Ова момче било на одмор во ова познато летувалиште, а загина во обид да им помогне на две девојки кои се давеле во морето.

Според инфорамциите на албанските портали, Ферати скокнал во вода кога ги видел двете девојки, Мануела Марај (27) од Валон и Ксона Цани (25) од Тирана како се борат да не потонат.

Храброто момче запливало кон нив, но поради големите бранови се удавило, а животот го загубиле и девојките кои тој се обидел да им помогне.

Несреќното момче по потекло е од Тетово, а во Сребреник, БиХ се отселил пред 10 години, каде работел во семејниот ресторан за брза храна.

Семејството на настраданото момче отпатува во Албанија за да го идентификува и преземе телото.