Македонија
20. August 2017 - 20:47

Детали за несреќата кај Велес- се извлекуваат повредените од автобусот

Автобус со скопски таблички вечерва излетал надвор од коловозот на автопатот Скопје – Велес. Во тек е излекување на повредените патници.

Несреќата се случила околу 19 часот во близина на зимскиот пункт Кула.

На место на настанот присутни се екипи на брза помош и полициски возила. Се работи на извлекување на повредени.

Се уште нема официјални податоци за бројот на повредени. Од очевидци се шпекулираше дека се повредени повеќе од 20 лица.