Македонија
24. July 2017 - 14:17

Детали за крвавата тепачка во Охрид: Убиен постар маж

СВР Охрид денес против лицата 79- годишен  Н.С, 45- годишен З.С и 24- годишен Д.С сите од Охрид, до надлежното ОЈО поднесе кривчна пријава поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело “убиство“.

Имено вчера околу 17 часот 30 минути во Охрид, пред продавница „Јано Пром“, бил нарушен јавениот ред и мир со карање и викање кое прераснало во тепачка помеѓу 79- годишен Н.С од Охрид, од едната страна и 58- годишен  С.Г. од Охрид и 29- годишен М.Г од друга страна.

Откако Н.С. се здобил со телесни повреди ги повикал неговиот син 45- годишен З.С и внук 24- годишен Д.С од Охрид, а по нивно пристигнување, повторно настанала расправија и тепачка каде со повреди се здобиле С.Г. и Н.С., а во еден момент по завршување на тепачката а поради здобиените повреди С.Г. колабирал и починал на местото на настанот.

Увид е извршен од страна на јавен обвинител и увидна екипа на Секторот за внатрешни работи Охрид, а по наредба на јавниот обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Во СВР-Охрид лишени од слобода се лицата З.С., Н.С. и Д.С.