Македонија
28. July 2015 - 14:49

Детали за двојното убиство во скопско Козле

Полицијата трага по убиецот на мајката и синот, кои утринава беа застрелани во глава во куќа во скопската населба Козле. Засега се знае дека  убиениот Самет С. (29) пред неколку месеци стапил во брак со ќерката на 57-годишниот Н.А. кој е сопственик на куќата во која двајцата се убиени.
 
Сопругата на Самет кобната ноќ се наоѓала во куќата, на горниот кат со нејзините родители. Нејзиниот сопруг и неговата мајка Ѓулчин Е.(52), по потекло од Бурса, Турција, спиеле на долниот кат од куќата, според првичните информации.
 
-Сопствениците на куќата кога се симнале на долниот кат каде спиеле нивните гости од Турција забележале дека се убиени, по што случајот е пријавен во полиција. Првично, според исказот на пријавителот никој не слушнал ништо. Констатирано е дека вратата не е насилно отворена, но била пронајдена отворена, изјави помошник министерот за односи со јавност во МВР, Иво Котевски.
 
Телата на убиените се предадени на обдукција, а полицијата превзема интензивни мерки за расчистување на случајот.