Балкан
7. February 2017 - 21:02

Детали: Полицаец загинал неговиот колега се бори за живот - страшна сообраќајка во потера по крадци

Еден полицаец загинал а еден е тешко повреден во страшната сообраќајка која утрово се случила во близина на Смедерево, Србија. Како што јавуваат српските медиуми, полицаецот заедно со својот колега бил во полициска потера.

Двајцата бркале крадец кој со автомобилот бегал по лизгавата улица. 

Полицаецот 12 години работел на најтешки случаи. Заедно со својот колега биле во цивил и бркале група која крадела автомобили.

По сообраќајката неговите колеги уапсиле две лица со два украдени автомобили.

Несреќните полицајци во потерата загубиле контроа и со автомобилот удрил директно во камион кој пренесувал леб.