Бизнис
24. December 2016 - 16:51

Десетте нови странски инвестиции најавуваат отворање на 3.000 нови работни места

Кризата не ги сопре инвеститорите годинава. Иако дел од нив се уште чекаат разврска за да обелоденат дека ќе инветсираат во змејава, голем број објавија и почнаа со активности во земјава.

Само во последниот период најавени се нови десет нови странски инвестиции ќе обезедат  над 2900 работни места.

Во Битола, турската компанија Целмак од металопреработувачката индустрија ќе 8.6 милиони евра во зоната Жабени и ќе отвори 110 работни места.

Грчката компанија Пластики ќе реализира браунфилд инвестиција со 150 лица.

Во Македонски брод американската Броудстоун Дифенсе ќе креира 200 работни места во фабрика за оружје и муниција за американската и други армии од НАТО.

Турската Чагатај кабло ќе гради фабрика со 200 работни места во зоната Бунарџик за електроника за автобуси и земјоделска механизација, а во Скопје доаѓа како добавувач на Ванхул.

Во скопската економска зона ќе инвестира и компанијата Malhotra Cables од Индија. Се работи за инвестиција од 10 милиони долари со 100 почетни вработувања.

Најголемата компанија за преработка на тутун во Грција, Seke, ќе отвори погон за откуп и преработка на тутун во Крушево во која ќе се вработат 300 вработени и ќе се откупуваат над 4 илјади тутун годишно.

Компанијата Lubrinaft од Полска ќе произведува хидраулични масла во Неготино. Оваа инвестиција ќе достигне до 10 милиони евра и ќе отвори нови 100 работни места со планови за понатамошно проширување.

Германски „ВИГ“  ќе прави апарати за домаќинството во Прилеп. Во фабриката ќе отвори 1000 работни места. Проозвидостот треба да започне до крајот на идната година.

Пред одлука за инвестирање во Прилеп е и американска компанија од областа на повисоката технологија во која се планираат 600 вработувања.

Гентерм ја извести јавноста дека една година порано ќе ја реализира втората фаза од инвестицијата. До крајот на 2017 фабриката ќе го достигне полниот капацитет на производство и 2000 вработени.

Годинава со работа почна и Леар во Тетово, Амфенол, Технохозе, Ван Хул, Џонсон контролс го проширија производтсвто, а  стартуваа и Диатек, Делфи, АРЦ, Герман Електро Мекатроникс, Кондево, Текникал Текстајлс, ОДВ Електрик, Костал, Ки Сејфти системс.