Loading Video...
Кошарка
1. December 2017 - 14:17

Десетта победа во низа на Кливленд

 
Вицепрвакот во НБА лигата Кливленд ја  продолжува победничката серија, која сега изнесува десет победи во низа. 
 
Кливленд ноќеска на гостувањето кај Атланта забележа победа со 121:114. 
 
Кевин Лав и Леброн Џејмс средбата ја завршија со дабл-дабл учинок. Лав постигна  25 поени, а имаше и 16 скока, додека Џејмс средбата ја заврши со 24 поени и 12 асистенции, а одлична парттија имаше и Двејн Вејд мечот со 19 поени. 
 
 
По поразот од Детроит во минатото коло, екипата на Бостон на домашен терен ја победи Филаделфија со 108:97.
 
Карјри Ирвинг ги предводеше „Селтикси“ со од 36 поени, четири скока и три асистенции, до 19 победа сезонава со која Бостон се зацврсти на првото место на табелата во Источната конференција. 
 
 
Најнеизвесниот меч ноќеска го одиграа Денвер и Чикаго, а истиот заврши со победа на домаќините со 111:110. 
 
Тимот на Милвоки славеше гостинска победа кај Портланд со 103:91, на триумф на теренот на противникот забележаа и кошаркарите на Јута кои со 126:107 ги совладаа ЛА Клиперс.