Свет
28. February 2016 - 9:01

Десетици лица загинаа во судири во Пакистан

Најмалку 34 вооружени бунтовници и четворица војници беа убиени вчера во судири меѓу владините сили и бунтовниците и во воздушен напад во немирен северозападен регион на Пакистан, јави ДПА. 

Армијата соопшти дека војниците опколиле група од бунтовици во провинцијата Северен Вазиристан, покрај границата со Авганистан, по што почнала интензивна престрелка, во која биле ликвидирани 19 терористи, а ранети се неколкумина. 

Четорица припадници на силите за безбедност, меѓу кои и еден офицер загинале.

Претставник на армијата изјави дека вчера во истиот регион владин авион ловец поразил четири засолништа на бунтовниците и уништил околу 15 нивни борци.