Свет
2. July 2016 - 20:04

Десетици илјади Британци во Лондон искажаа приврзаност кон ЕУ

Десетици илјади Британци денеска искажаа љубов кон Европската унија по улиците на Лондон, девет дена по референдумот на кој земјата изгласа Брегзит, пренесе БТА.

Поданиците на Нејзиното Височество покажаа голема имагинација за да кажат „не“ на Брегзит, веејќи стотици европски сини знамиња со жолти ѕвезди, гумени срца на кои беа испишани слогани како „Ќе ни недостасуваш ЕУ ", „Вие си играте со нашата иднина" и најчестите - „Те сакам, ЕУ ".

Имагинацијата се покажа и во изборот на песните кои ги пееја: "Don`t brexit my heart" наместо хитот на Елтон Џон "Don`t break my heart"  или "Never gonna give EU up" наместо „Never gonna give you up " на Рик Естли.

Учесниците во демонстрациите, од кои многумина облечени во сино или завиткан во европски знамиња, пееја „Хеј, ЕУ" наместо „Хеј, Џуд" на Битлси и Одата на радоста на Бетовен - химната на Европа.

При секое поминување на автобуси со отворен покрив, кои обично превезуваат туристи во британската престолнина, демонстрантите аплаудираа и извикуваа „ЕУ, ние те сакаме".

Повеќето велеа дека сонуваат за „Бреверс" - од Брекзит и "Реверс" (назад).