Македонија
16. December 2017 - 16:02

Десетгодишно дете искасано од кучиња во Скопје

Десетгодишно дете вчера попладне било искасано од две кучиња на ул. „Волгоградска“ во Скопје.

Во Полициската станица Карпош синоќа во 20:30 часот Т.С. (50) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 17:20 часот, на ул. „Волгоградска“, од страна на две кучиња бил каснат неговиот 10-годишен син, при што му биле нанесени видливи повреди - расекотини на двете нозе, соопшти Министерството за внатрешни работи во редовниот Билтен. 

Детето со тешки повреди на двете нозе е префрлено на Инфективна клиника каде примило и терапија против беснило.

Во последните десетина дена ова е втор случај кога деца станале жртви на кучиња. Претходно во скопската населба Аеродром четири деца на возраст од 10 до 14 години беа искасани од ротвајлер, а кучето нападна и две жени во истиот период.