Македонија
24. March 2017 - 9:11

Десет сообраќајки во Скопје, полесно повредени четири лица

Тринаесет сообраќајни несреќи се случиле во изминатите 24 часа на територијата на градот Скопје на кои увид извршила сообраќајната полиција. Од нив  10 се со последицa материјална штета,   3 се со последица телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле четири лица.

Во текот на изминатот ден полицијата открила и санкционирала 13 возачи  кои се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возач ги управувале своите возила под дејство на алкохол  и истите  се исклучени од сообраќај, двајца возачи кои не отстапиле првенство на минување на возилата во зона на крстосница. Петмина возачи поминале на црвено светло на семафорот, десет возачи ги управувале своите возила без возачка дозвола или нерегистрирани возила и 39 непрописно паркирани возила.

Санкционирани се и пет пешаци  поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафорот за пешаци.

Во текот на изминатиот ден отстранети се  40 возила кои биле непрописно паркирани, истите во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како на пешачкиот, така и на моторниот сообраќај.

Во текот на вчерашниот ден  Одделението за превенција  при СВР Скопје реализира  сообраќајна поука на која  присуствуваа  граѓани  учесници во сообраќајот во  својство на возачи, кои не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење на возилата.

Во рамките на сообраќајно воспитната акција  „Да ги заштитиме децата во сообраќајот”,  Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници во Приватно Основно Училиште „Јахија Кемал“ кое се наоѓаат на подрачјето на општина Карпош притоа ќе бидат реализирани едукативни работилници со учениците од II и IV одделение.