Македонија
22. March 2018 - 8:48

Десет сообраќајки во Скопје, осум лица тешко повредени

- Осум лица се тешко повредени, а уште девет се здобиле со полесни повреди во 10 сообраќајки евидентирани на подрачјето на СВР Скопје во изминатите 24 часа. Регистрирани се и две соообраќајки со материјална штета.

За пречекорување на дозволената брзина на движење санкционирани се 32 возачи, 14 се исклучено од сообраќај, од кои еден затоа што управувал возило под дејство на алкохол, а 13 пред да се стекнат со право на управување моторно возило.

Исклучени од сообраќај се осум возила, едно технички неисправно и осум нерегистрирани, издадени се 76 мерки за непрописно паркирани возила, а „пајакот“ кренал 71 возило.

Сообраќајната полиција евидентирала и 12 пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и еден на црвено светло, четворица возачи кои не дале првенство на минување, и двајца за неправилно престигнување. 

Одделението за Превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во општина Карпош, со ученици од четврто одделение, во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.

Одделението за превенција денеска ќе реализира посебна воспитна мерка сообраќајна поука, на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на Пешаци.