Loading Video...
Свет
31. August 2017 - 18:51

Десет повредени при експлозиите во хемиската постројка во Тексас

Десет лица се полесно повредени во двете експлозии што се случија во хемиската постројката на компанијата „Акрема“ во Крозби, Тексас. Eксплозиите одекнаа утрово во хемиска постројка на компанијата „Аркема“ во Крозби, Тексас.Претставници на локалната власт вчера предупредија дека може да дојде до експлозија откако постројката остана без напојување на електрична енергија по поплавите од ураганот Харви.„Аркема“ како превентивна мерка претходно наложи евакуација на  жителите  во кругот од три километри од хемиската постројка, која запре со работа од петокот во очекување на ураганот.Компанијата соопшти дека во понеделникот врз објектот наврнале 101,6 сантиметри дожд. Оваа постројка произведува хемикалии кои мора да се чуваат на ниски температури. Поради поплавите, магацините останале без снабдување со струја, а генераторите се во дефект.