Фудбал
19. September 2017 - 11:20

Десет милиони за повредата на Дембеле

Фудбалскиот клуб Барселона поради повредата на осман Дембеле ќе заштеди 10 милиони евра, пренесува „Ас“. Повредата на 20-годишниот фудбалер и овозможи на Барселона да активира една од клаузулита која е вметната во неговиот договор.
 
Осман Дембеле се повреди во саботата на натпреварот со хетафе (1:2). Барселона на својата официјална интернет страница објави младиот напаѓач ќе мора да биде опериран и дека ќе отсуствува од фудбалските терени во наредните четири месеци.
 
Барселона за Дембеле на Борусија Дортмунд и плати 105 милиони евра, а таа сума доколку бидат исполнети сите клаузули кои се вметнати во договорот може да порасне и до 150 милиони евра.