Македонија
4. July 2016 - 11:05

Десет македонски сликари учествуваат на Дојранската ликовна колонија

Десет сликари од неколку градови од Македонија неколку дена работат под јаворите во Дојран и создаваат дела во рамки на третата Дојранска ликовна колонија, која е дел од  манифестацијата „Дојран - град на културата“. 

Уметниците  ги доловуваат убавините на Дојран и Дојранското Езеро создавајќи слики во скоро сите ликовни техники. 

- Работата на колонијата ќе заврши утре. Се слика надвор, под јаворите, за да биде атрактивно за посетителите и да видат дека и тука нешто се случува на ликовен план, изјави Ѓорги Божинов-Фаника од организацискиот одбор на Колонијата. 

Делата кои ќе бидат создадени за време на колонијата ќе бидат претставени пред јавноста на изложба на 5 ноември, кога се одбележува ослободувањето на Дојран.