-->
-->
Дерик Роуз сепак нема да се пензионира
-->
Кошаркарот на Кливленд, Дерик Роуз ќе се врати на тренинзите со вицепрвакот во НБА лигата, иако неговата понатамошна кариера беше под знак на прашалник.
Како што објави новинарот на „ЕСПН“ Адријан Војнаровски, плејмејкерот на Кливленд се откажал од идејата да се пензионира, и дека дефинитивно и се враќа на кошарката.
Роуз, чија кариера ја одбележаа бројни повреди,операции и макотрпни рехабилитациони процеси, најави повлекување од кошарката откако се здоби со нова повреда, нецел месец од стартот на новата сезона.
Тој во тимот на Кливленд одигра само седум натпревари на кои забележа просек од 14,3 поени, 2,6 скокови и 1,7 асистенција.
Роуз како член на Чикаго во 2011 година стана најмладиот играч во НБА лигата кој го понесе признанието „МВП“, најкорисен играч.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени