Фудбал
14. February 2018 - 16:30

Дербито во Тетово без победник

Дербито од пролетната сезона во домашното фудбалско првенство одиграно во Тетово донесе допадлив фудбал и нерешен резултат од 1-1 на крајот кој повеќе и одговара на Шкендија која ја задржа предноста пред Вардар од 8 бода во битката за титулата.
Двете екипи не искористија многу шанси а гледачите видоа бравурозни одбрани на Гачевски и Захов.
Конечно во последните 20 минути и голови во мрежите на расположените голмани. Прв поентираше Вардар преку Грнчаров за да некколку минути подоцна Ибраими со одмерен удар го постави конечниот резултат.