Фудбал
19. February 2018 - 15:33

„Дербито на мирот“ прекинато поради 10 црвени картони

Дерби мечот помеѓу Виторија и Баија кој е познат во бразил како „Дерби на мирот“ личеше на се само не на миротворен натпревар. 

Домашната екипа Виторија остана со 6 играчи на теренот и според фудбалските правила не можеше да го продолжи натпреварот на кој требаше да се доиграат уште 11 минути. 
Кулминација се случи во 50-тата минута кога гостите израмнија со гол од пенал  по што гостинскиот играч Вилниус непримерно прослави пред домашните фанови што предизвика револт кај домашните фудбалери и почна голема тепачка по што беа исклучени 2 играчи од Виторија а подоцна и тројца од гостинските играчи. 
Сега според пропозициите е Спортскиот суд кој се очекува да пресуди победа од 3-0 во полза на гостите. 
https://