Македонија
21. April 2017 - 10:21

Дератизација во општина Ѓорче Петров

Во општина Ѓорче Петров почна дератизација со која се опфатени 3.804 шахти и основните училиштата. Дератизацијата се врши со препаратот „Бродилон“, а работите ги изведува „ Зотокс“- Скопје. 

Покрај општинските инспектори, како што соопшти општина Ѓорче Петров, во реализација на дератизацијата биле ангажирани и вработени од ЈП „Водовод и канализација“ со чија помош се лоцираат и се отвораат сите шахти.

Општина Ѓорче Петров спроведува дератизација два пати во годината. Средствата ги обезбеди општината од својот буџет.