Бизнис
21. October 2017 - 9:22

Депозитите во септември намалени за 0,5 отсто, на годишно ниво зголемени за шест проценти

 Вкупните депозити во банките во септември бележат пад од 0,5%, но на годишно ниво е евидентиран раст од шест проценти, соопшти НБРМ.

Во септември, вкупните депозити на корпоративниот сектор се намалени за 4,4%, со изедначен придонес на денарските и девизните депозити. На годишна основа, пак, има зголемување од 5,6%, кој произлегува од растот на денарските депозити.

Кај депозитите на домаќинствата е евидентиран месечен  раст од 0,8% и годишен од 5,6%, кој во поголем дел произлегува од растот на депозитните пари и краткорочните депозити во странска валута.