Фудбал
6. December 2016 - 9:03

Депортиво го декласира фаворитот Сосиедад

 Фудбалерите на Депортиво Ла Коруња забележаа убедлива победа над Сосиедад во последниот натпревар од 15.коло на шпанската Примера. 
 
На средбата одиграна синоќа во Ла Коруња, иако гостите ос Сосиедад важеа за фаворити, сепак домашниот тим на Депортиво славеше убедлива победа со 5:1.
 
За Депортиво, кој се бори за опстанок во Примера, ова беше само трета победа сезована, а со новите три бодови сега тимот од Ла Коруња е на 16.место на табелата, додека Сосиедад падна за една позиција и сега се наоѓа на шестото место. 
 
На претходно одиграните натпреварите: 
Валенсија – Малага 2:2
Спортинг Хихон – Осасуна 3:1
Алавез - Лас Палмас 1:1
Атлетик Билбао – Еибар 3:1
Бетис - Селта Виго 3:3
Атлетико Мадрид – Еспањол 0:0
Леганес – Виљареал 0:0
Барселона - Реал Мадрид 1:1
Гранада – Севиља 2:1
 
Табела: Реал Мадрид 34 бода, Барселона 28, Севиља 27, Атлетико Мадрид 25, Виљареал 23, Сосиедад 23, Атлетик Билбао 23,...