Македонија
25. May 2017 - 8:47

Денови на социјално претприемништво за студенти

Денови на социјалното претприемништво чиј таргет се студентите, ќе се одржат денеска на Филозофскиот факултет во Скопје, како дел од проектот Поттикнување на социјалното претприемништво Europe Aid/136504/IH/SER/MK.

Според организаторите, настанот е своевиден повик за практикантство во социјални претпријатија и поттикнување студентите да размислуваат за понатамошно активирање во оваа област.

- Овие Денови на социјално претприемништво се во функција на подгигнување на јавната свест, промовирање на социјалното претприемништво во земјата и мотивирање на младите да учествуваат во развојот на социјалните претпријатија, стои во соопштението.

Проектот е финансиран од ЕУ и имплементиран во партнерство со Министерство за труд и социјална политика.