Македонија
23. October 2017 - 20:10

Денови на руската култура во Скопје и Струмица

Денови на руската култура во Република Македонија ќе се одржат на 25-ти и 26 октомври во Скопје и Струмица. Манифестацијата ќе почне на 25 октомври во  Македонскиот народен театар со отворање на изложбата „Добата на Григорович“ посветена на историјата на рускиот балет и со настап на Рускиот државни академски народен хор „Митрофан Пјатницки“.

Наредниот ден во Македонската филхармонија заеднички концерт ќе имаат солистите од Русија - Олга Артјугина, Василиса Бержанскаја, Рустем Хамидулин со оркестар составен од членови на Македонската филхармонија и Македонската опера и балет, под диригентство на Бисера Чадловска.

Рускиот државни академски народен хор „Митрофан Пјатницки“ на 26 октомври ќе има концерт и во Центарот за култура  „Антон Панов“ во Струмица. 

Влезот за сите настани е слободен, соопшти Руската амбасада во Скопје. Манифестацијата е врз основа на Протоколот меѓу министерствата за култура на Руската Федерација и Република Македонија за организирање меѓусебни денови на култура на двете земји во 2017-2018 година.