Македонија
25. April 2017 - 8:09

Денеска вистинска пролет, уживајте во убавото време

Времето во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. 

Утринската температура ќе се движи од нула до седум, а дневната од 16 до 23 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе достигне до 21 степен.

До четврток времето ќе биде претежно сончево со умерен јужен ветер и пораст на утринската и дневната температура.

Од петок до недела ќе има зголемување на облачноста со повремени локални врнежи од дожд. Во петок ќе дува засилен јужен ветер, а од сабота ветерот ќе биде северен и ќе придонесе за позначително опаѓање на дневната температура.