Македонија
17. September 2017 - 8:40

Денеска се слави светецот погубен како маченик

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 4 септември.

Денеска е Св. свештеномаченик Вавил.

Свети Вавил беше епископ на црквата во Антиохија за време на царувањето на Нумеријан. Прекрасен човек, епсикоп со совршена грижа за црквата. Имаше толку силна вера во Бога и таква бестрашност, што во една прилика на самиот Нумеријан не му дозволи да влезе во црквата зашто беше незнабожец. Овој, пак, беше познат по својата жестокост и не можеше да ја заборави случката. Го повика Вавил да принесе жртва пред идолите, а кога овој одби, го погуби. Заедно со свети Вавил, Нумеријан ги погуби и трите момчиња од антиохиската црква Урбан, Прилидијан и Еполиниј. Најстар беше Урбан имаше 12 години.