Македонија
13. March 2017 - 8:10

Денеска променливо облачно и студено време

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, претпладне во источните делови со локален дожд и снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од -5 до 14 степени.

Во Скопје слично време со температура од 1 до 11 степени. 

Утре ќе биде променливо облачно со услови за повремен слаб дожд, на планините и на некои повисоки места слаб снег и со умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од -2 до 13 степени. Во среда ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, умерен северен ветер и температура од -3 до 14 степени, додека во четврток се очекува сончево време со мала до умерена облачност, умерен повремен засилен северен ветер и температура од -2 до 15 степени.