Македонија
25. February 2017 - 17:05

Денеска официјално почнува Струмичкиот карневал

Струмичани ги ставија новите карневалски маски. Официјалниот старт беше означен синоќа со традиционалниот бал под маски на кој беа избрани принцот и принцезата кои оваа вечер заедно со царот на карневалот ќе ја предводат главната карневалска поворка. Изборот на оригинални  теми и уникатни маски само најавија дека Струмица и оваа година ќе понуди уште едно квалитетно карневалско издание и несекојдневно доживување како за учесниците така и за големиот број гости.

-Струмичкиот карневал продолжува да чекори гордо и смело и да биде секогаш привлечен и различен од претходната година, рече Александар Цицимов- претседател на карневалски одбор

-Со оглед на тоа дека толку години продолжува традицијата и постојано сме присутни и на максенбалот и во карневалската поворка очигледно е дека постои љубов, а покрај тоа го пренесуваме и на нашите деца, вели учесник на макскенбалот

-За прв пат учествуваме на маскенбалот, инаку ние доаѓаме од Куманово, рече учесник на маскенбалот

Главното карневалско дефиле  ќе биде вечерва кога по улиците на Струмица треба да потече река од маскирани лица. Само во официјалниот дел учество ќе земат околу 50  домашни и странски групи со близу 3000 учесници.