Македонија
16. July 2017 - 8:27

Денеска облачно и свежо време со пороен дожд

Времето во Македонија ќе биде облачно и свежо, со врнежи од дожд, кои во јужните и источните делови повремено ќе бидат поројни и пообилни (над 30л/м2). Најдолго и континуирано се очекува врнежите да се задржат во југоисточните делови. Локални врнежи од дожд се уште ќе има и во понеделник претпладне. Ќе дува повремено засилен северен ветер, а температурата значително ќе се намали. 

Утринската температура ќе се движи од 11 до 19 степени, а дневната температура ќе се движи од 16 до 22 степени.

Во Скопје ќе биде облачно и свежо, со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Утринската температутра ќе достигне до 17 степени, а дневната температура до 21 степени.