Денеска имавме сонце, но утре следува пресврт во времето
Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, во западните делови значително облачно.
По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен јужен ветер.
Утринската температура ќе се движи од минус еден до три степени, а дневната од шест до 14 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб умерен јужен ветер. Утринската температура ќе достигне до минус два, а дневната до 11 степени.
Утре ќе биде променливо облачно, во вечерните часови со врнежи од дожд, кои ќе продолжат и во сабота. Пообилни врнежи се очекуваат во западните делови. На повисоките планини ќе има врнежи од снег. Ќе биде релативно топло со засилен, а на моменти и силен јужен ветер.
Повремени врнежи ќе има и во недела, а во понеделник ќе настапи преодно стабилизирање.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море