Македонија
28. October 2017 - 16:10

Денеска гласаат болните и затворениците

Болните и изнемоштени лица кои поднеле апликации до ОИК во Штип за гласање во домашни услови, денеска го остварија своето избирачко право, во вториот круг од изборите за градоначалник. За разлика од првиот круг кога имаше пријавено 88 лица, за денешеното гласање има поднесено дополнителни 50 барања, со што вкупниот број изнесува 138 лица. Зголемената бројка е резултат на подобрата информираност на гласачите за правилата на изборниот процес, зашто некои од нив сметале дека не треба да се пријавуваат за секои избори.
 
- Првиот пат кога се гласаше пред 4 години дојдоа дома и јас мислев пак ќе дојдат, но требало пак да се пријавиш. Неќни внукот ме пријави и денеска гласам- изјави Ќамира Цако, жителка на Штип
 
Денеска се гласаше и во КПД – Штип, каде за гласање се пријавиле 111 лица на отслужување затворска казна, чии лични документи се на адреса на општините каде има втор круг од локалните избори
.
- Излезени се засега 44 или 40 %. Гласањето тече во најдобар ред, а имавме посета и од ОБСЕ-изјави Трајко Јолев претседател на ИМ во Затвор-Штип
 
Во Источниот регион втор, круг за избор на градоначалник има во 7 општини, односно за прв човек на општините ќе се гласа во Штип, Пробиштип, Виница, Македонска Каменица, Зрновци, Карбинци и Чешиново – Облешево.