Македонија
13. April 2017 - 16:07

Денеска е Велики Четврток, денот кога Исус Христос дознал дека бил предаден од Јуда и дека за тоа ќе биде распнат на крст

Велики четврток денот кога Црквата споменува за предавството на Исус Христос.

За неколку сребреници поткупен од гувернерството на Понтиј Пилат,апостолот Јуда го предал Исус по што бил распнат на Голгота.

На овој ден на тајната вечера според Библијата, Господ Исус Христос ја востановил  Светата тајна причест.

Во црквата Св. Димитрија во Скопје,со светата архиерејска литургија  чиноначалствуваше поглаварот на МПЦ.

Ова е последната недела од велигденските пости. Од денеска  почнуваат чествувањето на Велигден.

Верниците кои утрово ги наполнија храмови велат овие денови ги минуваат во молитва и  подготовки за најрадосната вест .

На овој ден се бојадисуваат првите велигденски јајца. Уште пред изгрејсонце домаќинките вапцаат три црвени јајца кои се симбол на раѓање на нов живот што го означува Воскреснувањето на Исус Христос.

До сабота навечер не чукаат камбаните на црквите, се до прогласувањето на веста за Христовото Воскресение.