Македонија
31. October 2017 - 19:46

Денеска е светски ден на штедењето

Граѓаните да не ги чуваат заштедите дома, туку да ги вложат во банка. На тој начин ќе го поттикнат кредитирањето, инвестициите и растот на економијата. Оваа порака ја упати претседателот на банкарското здружение на Светскиот ден на штедењето.  Секторот е стабилен и сигурен, а заштедите се основниот извор  за кредитирање на населението и фирмите. 
 
  На рој начин ќе се ослободат повеќе пари за кредитирање на компаниите, односно за оние на кои им се најпотребни , изјави Коста Митровски, претседател на Здружение на банкарство
 
Стапката на раст на депозитите до септември е солидна, но има простор за понатамошен раст. Надлежните очекуваат  повисоки стапки во периодот кој следи 
 
 До септември 222 милијарси денари изнесуваа депозитите на граѓаните, а 80 милијарди денари на фирмите. Годишната стапка на раст изнесува 6%, што и не е така лошо, поради политичката криза и сите случувања, изјави Димиатр Богов, гувернер на Народна банка 
 
Гувернерот Богов ги повика банките да понудат нови производи и услуги, за да ги привлечат граѓаните повеќе да штедат.  Во Моментов,  кога каматните стапки се на историски најниско ниво, тие  бараат алтерантивни начини за вложување на своите заштеди
 
Домашните заштеди се најевтин извор на кредитирање. Од аспект на министерство за финансии , за нас е битно овие депозити да се пласираат како кредити во фирмите кои ќе ги инвестираат, а со тоа ќе доведат до повисок економски раст, изјави Драган Тевдовски, министер за финансии.
 
Банките треба да бидат подготвени за предизвиците кои ќе следат, ќе се бара поинаков пристап кон клиентите, ќе се обезбедуваат повеќе информации, ќе се нудат нови услуги. Засега, банкарскиот сектор, според гувернерот е еден од најликвидните во Европа. На Светскиот ден на штедењето најдобрите банкарски службеници  добија признание.