-->
-->
Денеска е Свети Никола, а на овој ден ова никако не смеете да го правите
-->
Започна сезоната на славите, а тоа е време кога ги собираме своите најблиски и со нив го славиме заштитникот на својата куќа. Иако во христијанскиот дух е да се одбележува скромно, последната деценија сведоци сме на вистински гозби кои се прават во чест на тој семеен празник, а неретко се случува домашните од тоа да направат вистински спектакл, па често викаат и трубачи за да го одбележат тој ден. Тоа е погрешно!
Тука се и подароците кои гостите ги носат на домашните, а кои од година во година се по луксузни, а понекогаш и чудни. Па затоа ви пренесуваме што вели црквата за подароците.
- Прво треба да се појасни дека славата се одбележува во секаќавње на покојните. Исто така славата служи за духовно смирување и помирување со најблиските. Тоа е доба кога, ако има некое недоразбирање, треба да се реши и на масата да се седне со духовен мир без гневно чуство спрема најмилите. Иако се вели дека славата ја почитуваат, но заброаваат на најважната работа во врска со неа. На денот на славата, најважно е да се отиде во црква, да се причестите и да се исповедате, како во почетокот на годината ќе влезете со чиста душа,велат од црква.
Суштината на славите е во скромноста и затоа подароците не се скапи, бидејќи тоа не е потребно. Меѓутоа, современите луѓе се повеќе ги зголемуваат расходите за слава, па оние кои се погодени од еконмската криза повеќе сакаат да не ја слават славата, бидејќи не можат на гостите да им понудат пообилна гозба.
Тоа е голема грешка - славата треба да биде достоинствена и скромна - вели црквата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата