Македонија
22. January 2017 - 8:36

Денеска е Св маченик Полиевкт

Свети Полиевкт се прослави за време на гонењето на римскиот император Валеријан (253 - 260). Тој беше римски војник, незнабожец, но имаше големо пријателство со еден друг војник христијанин Неарх. Големата љубов што ја чувствуваше кон Неарх му го отвори умот и срцето за самата Љубов, т. е. за христијанскиот Бог. Како христијанин, свети Полиевкт беше погубен во градот Мелитина на реката Еуфрат, а по него беше погубен и Неарх. Моштите на свети Полиевкт се наоѓаа во Мелитина се до 15-от век.