-->
-->
Денеска е последен зимски ден, утре почнува пролетта
-->
Пролетта во Македонија и на северната хемисфера почнува утре во 17:15 часот. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи есента.
Првиот пролетен ден во Македонија ќе трае 12 часа и 5 минути. Сонцето ќе изгрее во 5 часот и 39 минути, а ќе зајде во 17 часот и 44 минути.
На првиот ден од пролетта времето во Македонија ќе биде суво со умерен ветер. Температурата ќе се движи од 8 до 18 степени.
Пролетта ќе трае до 21 јуни во 11:07 часот кога календарски почнува летото.
Летното сметање на времето, пак, ќе почне ноќта меѓу 24 и 25 март кога часовниците ќе треба да се поместат еден час нанапред.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари