Џет-Сет
25. May 2016 - 8:58

Денеска е нејзиниот ден, еве што објави Анастасија за полнолетството!

Ќерката на познатата фолкерка Цеца Ражнатовиќ, денеска го слави полнолетството и овој настан веќе подолго време е една од главните теми во медиумите. Таа уште ноќеска на социјалните мрежи веднаш се огласи.

Гламурозната прослава е закажана вечерва и на неа ќе присуствуваат само специјални гости кои за оваа прилика лично добиле покани.

Љубимицата на Цеца се огласи на Инстаграм и постави фотографија со која се пофали дека и е роденеден. Фотографијата за само еден час доби над 3.000 лајкови како и илјадници роденденски честитики во коментарите.