Македонија
12. September 2016 - 19:04

Денеска два нови земјотреса со јачина од 2,3 односно 3,7 според Рихтер

Два земјотреси со јачина од 2,3 и 3,7 степени според Рихтер, попладнево повторно ги вознемирија скопјани.

Серија од 12 помали земјотреси до 2,5 степени сеизмолошката опсерваторија регистрирала и во текот на ноќта.

Оттаму велат дека ваквите помали потреси се очекувани по вчерашниот земјотрес од 5,3 степени според рихтеровата скала и тие не се опасни, но никој не може да ја предвиди јачината ниту кога тлото ќе се смири.

Во центарот за управување со кризи во изминатото деноноќие граѓаните пријавиле повеќе од 300 штети.

Екипи на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, заедно со сите скопски општини се постојано на терен.

Утврдена е штета кај 38 објекти од јавен интерес, но надлежните велат дека засега не се регистрирани посериозни оштетувања.

Неофицијално во некои скопски уличишта забрането е користење на неколку училшници, а официјалните записници ќе бидат испратени до надлежните општини.

Граѓаните и натаму можат да пријавуваат штети преку телефонскиот број  за итни повици 195, а од Центарот за управување со кризи информираат дека истото може да се направи и на нивната имеил адреса.