Ракомет
13. April 2017 - 14:44

Денеска два натпревара од ракометниот шампионат на Македонија

Вo ракометниот шампионат на Македонија денеска ќе се играат два натпревари до Плејоф лигата. 

Од 15 часот во СЦ Јане Сандански, ќе започне дуелот меѓу Вардар и Пелистер (заостанат меч од 3.коло), додека од 20 часот во Велес ќе се игра првиот натпревар од 4.коло меѓу Борец и Металург.

Во рамките од ова 4.коло утре вардарци гостуваат кај Охрид, додека последниот меч од ова коло, односно битолското дерби меѓ Работник Еурофарм и Пелистер е закажан за 19 април (19 часот)

Табела: Металург 9 бодови (3 натпревари), Охрид 6 (3), Вардар 3 (2), Пелистер 3 (2), Еурофарм Работник 3 (3) и Борец 0 (3).