Џет-Сет
15. October 2017 - 17:41

Денес е светска ѕвезда, но нејзиното минато крие морничави детали

Кога ќе се спомене Стефани Џоен Анџелина Германота, малкумина знаат за кого се работи, со оглед на тоа дека пред десет години кога се појави на музичката сцена, го оставила на страна нејзиното вистинско име. Сепак, веројатно не постои човек кој барем не слушнал за нејзиното уметничко име, без оглед на тоа дали ги знае нејзините песни или не.

Се работи за Лејди Гага, американската поп пејачка, која за многумина е синоним за бизарен аутфит, кој меѓу останатото вклучува фустан од месо, телефони и перница на главата наместо шешир, вртоглаи потпетици кои надминуваат 30 сентиметри и уште многу други работи.

Сепак, она што многумина не го знаат за добитничката на неколку Греми награди, но и престижната филмска награда како Оскар и Голден Глоуб е дека раната младост ја поминала и повеќе од по трнлив пат.

Лејди Гага е родена во моќно семејство, па од мала навикнала на лежерен живот. Но, нејзиното растење го прател нејзиниот татко со голема грижа со оглед на тоа дека неговата ќерка наследила болест лупус, поради која неколку децении порано умрела неговата родена сестра. Поради таа потреба татко и да ја држи под стаклено ѕвоно, резултат на тоа било нејзиното бунтовништво, па уште на 19 години го напутила семејниот дом, а со тоа и школувањето во еминентна актерска академија, поради што станала големо разочарување за своите родители кои имале големи очекувања од неа.

Следниот шок следел кога дознале дека нивната едвај полнолетна ќерка се соблекува по клубови и работи како го-го танчарка за да се пушта нејзината музика, односно за да допре до њујоршката публика.

Капката која ја прелила чашата секако била дрогата коај тогаш Лејди Гага ќе ја чинело живот. Зависноста од кокаин ја допрела крајната граница после што ја силувал продуцентот кој и ветувал голема кариера.

Сепак, амбициозната пејачка не се откажала од својот сон, па се откажала од употребата на наркотици и се посветила исклучиво на кариерата, поради то денес гордо ја носи титулата за една од најбараните изведувачи некогаш.

Но и откако постигнала светски успех, неволјите не престанале. 2013 година го скршила колкот на сцената, поради што нејзината кариера била под знак прашалник. Лејди Гага и денес има последици поради кршењето на колкот, па последната турнеја ја одложила поради неподносливи болки. Без оглед на промената на распоредот на концертите, оваа турнеја заработила најмногу пари во 2017 година, кога се работи за женски изведувач.