Македонија
22. November 2017 - 18:43

Ден после големиот празник Свети Архангел Михаил - изговорете ги овие зборови и ќе доживеете чудо

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 9 ноември.

Денеска е Преподобен Јован Колов.

Покрај преподобна Матрона и свештеномаченик Онисифор, Црквата денес го слави и Јован Колов. Тој е еден од најголемите египетски подвижници од првите векови. За него е доволно да се каже следново. Јован Колов отишол во пустината кај некој тивејски старец и останал кај него. Старецот го насадил својот сув стап и му рекол: Полевај го секој ден со една кофа вода, дури не даде плод. А водата била толку далеку, што Јован тргнувал одвечер, а се враќал наутро. После три години, стапот оживеал и дал плод. Старецот го набрал плодот, го однел в црква, и им рекол на браќата: Земете, јадете од плодот на послушноста.

Православните верници од многу земји одат по спас кај неговите мошти на грчкиот остров Егин. Според верувањата, молејќи се на овој светец верниците успеале да најдат спас за рак, парализа, Паркинсова болст, се излечиле и луѓе кои имале проблеми со бубрезите, очите, мозокот.

Од овој светец најмногу помош бараат заболените од рак и други малигни болести, бидејќи како што велат чинел чуда, затоа што и самиот тој боледувал од иста болест.

Затоа верниците денес се воздржуваат од тешки работи и овој ден го посветуваат на молитви за здравје во кое обавезно го спомнуваат името на овој светец.